Гордана СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА

Прво здравје, потоа се друго!

На средбата со здравствените работници се согласивме дека не постои право на грешка кога е во прашање здравјето. Тие беа и се уште се нашите херои на првата линија во борбата со Ковид-19.

Три години нашето здравство тапка во место. Незадоволни работници и незадоволни пациенти. Инвестиции скоро и да немаше.

Најголемата ЛАГА на оваа власт е можеби ветувањето за нов Клинички центар во Скопје. Па, иако цената за негова изградба ја зголемија неколкукратно на износ од околу 500 милиони евра, од новиот “Клинички” не видовме ништо. Впрочем, тоа и не ме изненадува кога е оваа неспособна власт во прашање. Сомнителни јавни набавки и скандали од огромни размери во Фондот за здравствено осигурување во кои е инволвиран врвот на власта.

За жал, лошиот систем донесе и свои резултати во справувањето со Ковид-19.

Ставаме крај на сето ова!
Го враќаме достоинството на здравствените работници со повисоки плати и ја враќаме насмевката на пациентите со поквалитетни услуги!

Ветуваме обнова на здравството со дигитализација на здравствениот и фармацевтски систем, решавање на проблемите со специјализантите, ослободување од административните бариери за матичните лекари!

Изградба на Клинички центар “Мајка Тереза”, Универзитетски клинички центар “8-ми Септември” како и создавање на национална мрежа на 4 нови клинички центри се клучни приоритети во делот на здравствената инфраструктура.

Ве повикувам да го дадете вашиот глас за Обнова на Македонија!