Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев и носител на листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 3 на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата „Само вистина“ рече дека и предизборието покажало дека ВМРО-ДПМНЕ е многу различно од СДСМ.

-Секогаш имало разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а и внатре во партиите има разлика, затоа што секоја нова генерација си носи нови визии, и на крајот никој не е венчан за функција, затоа прво е еден на една функција, потоа доаѓа друг, рече Јанушев

Секојдневно, посочи, има случаи на корупција, криминал, рекетирани пари во Луј Вутон куферчиња, криминални тендери во здравство, но и во другите области.

– Јас ги повикувам да и кажат еден нивни проект кој го осмислиле или барем да го започнале, еве ги повикувам подолго време, но никој не кажува ништо, кажа Јанушев.

Потсети и дека се што се правело како инвестиции, инфраструктура е направено во време на претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

– Сега во овие три години од СДСМ нема ништо. Да бидеме реални единственото време кога доаѓаа инвестиции, се градеа патишта беше во време на ВМРО-ДПМНЕ, кажа Јанушев.