Илјадници луѓе денеска се собраа пред канцеларијата на претседателот Румен Радев, а во моментот демонстрантите го опколија центарот на Софија и бараат оставка од Владата и јавниот обвинител.
Демонстрантите извикуваат „мафија“ и „оставка“.
Во Софија четврти ден по ред се одржуваат антивладини протести, а денеска протест имаше и во Благоевград. Околу 50 луѓе исто така бараат оставка од Владата.
Претседателот на Бугарија, Румен Радев во вчерашното обраќање до нацијата побара оставки од Владата и од јавниот обвинител. Додека премиерот Бојко Борисов денеска изјави дека „демократски начин за преземање на власта е на избори“ и апелираше до демонстрантите да се воздржат од насилство и судири.