Две лица се водат како исчезнати, а на илјадници им е наредено да се евакуираат откако поројни дождови денеска ја зафатија западна Јапонија.
Спасувачите трагаат по две лица откако свлечиште предизвикано од пороен дожд утрово ја затрупало нивната куќа во градот Хигаши Хирошима, јавија локалните медиуми.
Илјадници жители во градот Мисато и градот Готсу добија наредба да ги напуштат своите домови, откако силниот дожд предизвика прелевање на реката Гоно, јавуваат локалните медиуми.
Јапонската метеоролошка агенција за денеска најави огромни количини дожд на централна и западна Јапонија, и предупреди на поплави, свлечишта, надојдени реки и силен ветер.
Претходно овој месец, поројните дождови предизвикаа лизгање на земјиште и поплави на јужниот остров Кјушу и другите делови на Јапонија, при што загинаа 72 лица, а 13 се водат како исчезнати.
Од 4 јули, поројните дождови предизвикаа вкупно 378 лизгање на земјиште и 106 реки се прелеале.