Кинеските власти соопштија дека бројот на лица што се лекуваат од Ковид-19 се намали на 297, со само три нови случаи, сите увезени од странство, а во последните 24 часа нема нови смртни случаи.
Уште 115 лица се во изолација и се под медицински надзор поради сомневање дека се заразени со вирусот корона или се асимптоматски.
Кинеските власти асимптоматските случаи не ги ставаат во официјалната бројка на заразени.
Од почетокот на пандемијата во Кина вирусот е потврден кај 83.605 лица, а 4.634 пациенти починале.
Експерти од Светската здравствена организација вчера допатуваа во земјата со цел да постигнат договор за спроведување истрага за ширење на коронавирусот, кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан на крајот на минатата година.
Кина, како што е познато, има околу 1,3 милијарди население и е најбројна држава во светот, а таму и почна пандемијата на коронавирусот.