Во Кавадарци во 1931 година возеле само 5 автомобили, сега над 20 илјади, објавено е денеса на страницата на Фејсбук, Реално Кавадарци.

– Ова е многу ретка, речиси единствена фотографија на која се фотографирани сите автомобили во Кавадарци, снимени од Ило Шкартов во 1931 година. Првата кола од лево е на Милутин Грков, еден од сопствениците на првиот автомобил во овој град. Кавадарци сега е град на автомобили. По улиците возат околу 20 илјди возила, а тие не се димензионирани за ваков сообраќај. Некои заборавија да одат пеш, гласи коментарот објавен под оваа ретка фотографија, објавен на Реално Кавадарци.