Во Битола откриена изборна нерегуларност. Станува збор за злоупотреба со гласачки ливчиња, популарно познато како „бугарски воз“.
Денеска во 12:55 часот во СВР-Битола од страна на Избирачкиот одбор на Избирачко место бр.102 во ОУ„Елпида Караманли“ било побарана интервенција при што кај лице М. К. која остварила право на глас биле пронајдени уште две ливчиња, објави порталот Курир.