Неверојатната серија од осум последователни сезони со титула за Артуро Видал заврши во четвртокот вечерта, кога Барселона и официјално ја предаде титулата на Шпанија, која отиде во рацете на Реал Мадрид. Во секоја од последните осум години, Чилеанецот го крена шампионскиот трофеј во првенството во кое играше.
Победничката низа на Видал започна во сезоната 2011/12, кога триумфираше со Јувентус во Серија „А“. Тој последователно го крена Скудетото уште три пати со „бјанконерите“ пред да се пресели во Баерн Минхен во 2015 година.
Со екипата на Баварците, играчот од средниот ред продолжи да запишува успеси на својата сметка и освои три титули во Бундеслигата, а во летото 2018 година пристигна во Барселона.
На „Камп Ноу“, Чилеанецот ја додаде титулата Шпанија во својата колекција за сезоната 2018/19 година, со што стана шампион во три од најголемите европски првенства.
Сепак, неговата серија успеси заврши за време на тековната кампања.