Вакцината против коронавирус, која ја разви Универзитетот во Оксфорд се покажа како безбедна и предизвикува имунолошки одговор, јави Би-Би-Си.

Испитувањата во кои биле вклучени 1.077 лица покажале дека вакцината помогнала да се создадат антитела, а белите крвни ќелии биле во можност да се борат со коронавирус.

Откритијата се многу ветувачки, но сè уште е премногу рано да се зборува дали вакцината е доволна за заштита или се  потребни поголеми испитувања.

Велика Британија веќе нарача 100 милиони дози на вакцината.

Како дејствува вакцината?

Вакцината – наречена ChAdOx1 nCoV-19 – се развива со невидена брзина.

Направена е од вирус што предизвикува обична настинка кај шимпанзата.

Научниците успеале во ова со префрлување на генетски инструкции за протеинот кој во коронавирусот е клучен алат за напад на здрави клетки. Имено, вакцината наликува на коронавирус и имунолошкиот систем може да „научи“ како да ја нападне.

Дали е безбедна?

Вакцината е безбедна, но има несакани ефекти.

Немаше опасни несакани ефекти од земање на вакцината, сепак, 70% од луѓето во испитувањето развија треска или главоболка. Научниците велат дека несаканите ефекти можат да се решат со парацетамол.


Од истата категорија