Шефовите на Борусија (Дортмунд) даваат индикации дека се подготвени да преговараат за трансферот на крилниот напаѓач Џејден Санчо во текот на летото. Германците се подготвени да се разделат со својата starвезда, се додека добијат задоволителна понуда, пренесе „Индепендент“.
Најсериозен интерес за Санчо има од Манчестер Јунајтед. И самиот фудбалер е подготвен да премине на „Олд Трафорд“, но има еден услов. Тој сака да види дали „црвените ѓаволи“ можат да обезбедат место во ЛШ следната сезона.
Во меѓувреме, Дортмунд веќе работи на пронаоѓање замена за Санчо и ги започна преговорите со Милот Рашица од Вердер Бремен. Клубот го привлече и младиот Џад Белингем, кој исто така ќе биде наметнуван во првиот тим.
Јунајтед и Борусија ќе треба да постигнат договор за цената на Санчо. Од „Олд Трафорд“ се надеваат дека ќе го земат играчот за сума од околу 55 милиони евра, и се подготвени да додадат дополнителни клаузули за да формираат вкупна сума од 80 милиони.