На 21 јули имавме 163 позитивни од 1 636 тестирани или речиси 10 отсто.
Пред три дена, на 22 јули, имавме 1 437 тестирани и 137 позитивни.
Тоа се 9,53 отсто.
За жал, тој ден имавме десет мртви.
Следниот ден, на 23 јули, регистрирани беа 123 нови случаи од 1312 тестирања или 9,8 отсто.
Вчера, на 24 јули имавме 129 позитивни од 1535 тестирани. Тоа изнесува 8,5 отсто.
И денеска беше објавено дека имме 137 позитивни од 1 542 тестови или 8,8 отсто. За жал катастрофата со починатите продолжува, па имаме девет мртви.
Инаку, Македонија е меѓу ретките држави кои имаат над 10 отсто позитивни од вкупниот број тестирани. Всушност, само Албанија со над 13 отсто и Шведска со 11,5 отсто процентуално имаат поголем брј позитивни (од бројот на тестирани) во однос на Македонија, која сега има 9 934 позитивни од нешто над 94 000 тестови што е околу 10,5 отсто. Но, овој тренд од последните три дена, дава некаква надеж.
Инаку, денеска и покрај деветте мртви, Филипче се пофали дека процентот на хоспитализирани лица заболени од Ковид-19 во изминативе две недели е намален за речиси два процентни поени.
– Во изминативе две недели, и покрај благиот раст на активни случаи со Ковид-19, процентот на хоспитализирани бележи пад од речиси два проценти, односно од 11,5 отсто на 15 јули на 9,7 отсто на 23 јули, наведува Филипче.
Тој посочува дека во континуитет, процентот на хоспитализирани лица од вкупниот број на активни случаи не надминува повеќе од 12 проценти.
– Да ги почитуваме мерките, да се заштитиме себеси, здравствените работници и да го одржиме нашиот здравствен систем стабилен, порачува Филипче во објавата на Фејсбук.