Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, стана најстариот предводник на еден тим во Серија А кој ја освоил шампионската титула.
Сари го освои Скудетото на возраст од 61 година и 6 месеци.
Претходно, рекордот го имаше Нилс Лидолм, кој во 1983 година стана шампион со Рома на возраст од 60 години и 7 месеци.
Воедно, Сари е меѓу заслужните за достигнувањето италијански тренери за првпат во историјата да стигнат до титулата во Серија А десет пати по ред.
Низата почна со Масимилијано Алегри н клупата на Милан во сезоната 2010/11. Потоа девет години на тронот е Јувентус предводен од Антонио Конте три пати, Алегри пет пати и оваа сезона од Сари.
Последниот странски тренер кој станал шампион на Италија е Португалецот Жозе Мурињо, кој го доведе Интер до титулата во сезоната 2009/10.