Што се однесува до формирањето на нова влада и неговото тврдење дека залудно се чекале нови избори, добро е, доколку еве толку е уверен дека СДСМ ќе ја формира владата, да видиме кој е составот на таа влада, чие ќе биде премиерското место и чуму толку нервоза доколку работите им одат “подмачкано” или да не биде работата кажана низ призмата на еден од нивните потпретседатели “гладна кокошка просо сонува”, тоа допрва ќе видиме, истакна денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на својот ФБ профил.
Неговата објава доаѓа по изавата на Оливер Спасовски дека нови избори наесен не може да има зашто изборите се завршени, дека на нив има победник и дека победникот – СДСМ, ќе формира влада.
Синоќа пак, претседателот на ВМРО-ДПНМЕ, Христијан Мицкососки изјави дека поради тоа што изборните резултати се такви што создаваат проблеми за обезбедување мнозинство со кое би се избрала влада, можно е наесен да има нови избори.