Во поголем број градови во Црна Гора синоќа е одржаа така наречени авто-литии во знак на протест поради усвојување на спорниот Закон за слобода на вероисповед.
Во авот-литиите во Плевља, Бар и Плужине учествуваа десетина автомобили, како и во Никшиќ и во Жабњак.
Приврзаниците на Српска православна црква синоќа организираа колона од десетина автомобили, кои со развиоорени српски знамиња и свирејќи поминаа низ Жабљак и приградските населби.
Авто-литиите не беа пријавени во полиција поради што возилата беа запрени и евидентирани учесниците.
Протестот е организиран со возила поради епидемиолошката состојба предизвикана од епидемијата со новиот коронавирус.
Литии се одржуваа неколку месеци секој четврток и недела, но беа прекинати во март по воведувањето на мерките за сузбивање на заразата.