Учесниците на протестот фрлаа со јајца и домати врз зградата на Народното собрание на Србија, кога видоа дека пратениците излегуваат од зградата.

Полицијата се обиде да го казни лидерот на движењето Доста беше (ДЈБ), Саша Радуловиќ, бидејќи е блокиран сообраќајот пред Парламентот поради протестот организиан од ДЈБ. Но, Радуловиќ не е казнет бидејќи демонстрантите се упатија кон заштитната ограда поставена пред Парламентот.

Еден демонстрант е приведен откако скандирааше „Вучиќу шиптару ќе платиш за предавството“ и „Не го даваме Косово“.

Во Собранието на Србија денеска се одржува конститутивната седница, Апратениците излегоа н пауза. Вратите на Парламентот се затворени, а пратениците не ја напуштаат зградата.

Српското опозициско движење Доста беше (ДЈБ) синоќа одржа протестот пред Парламентот и најави дека денеска во девет часот ќе го блокира Собранието за да не се одржи конститутивната седница, бидејќи изборите се фалсификувани.