ЗА ИКОНАТА НА БОЖЈАТА МАЈКА ШТО ГО ИЗБАВИЛА РИМ ОД ТЕШКА ЕПИДЕМИЈА

Во 590 година на нашата ера, во Рим имало таков голем помор, односно епидемија на чума, што секој ден умирале по околу две илјади души. Кога го видел тоа свети Григориј, заповедал да ја изнесат иконата на Пресвета Богородица, насликана од светиот евангелист Лука, да ја носат со литија низ градот и да Му се молат на Бога за да престане поморот. Самиот архиереј ја зел иконата в раце, одел низ градот, молејки ѝ се на Пресвета Богородица да го умилостиви Исуса Христа да престане тој гнев. Тогаш сите присутни виделе дека, каде што минувала Светата икона, болеста бегала во вид на облак, гонет од силен ветар, а пред иконата светело и воздухот останувал чист. Откако со литијата го обиколиле целиот град и Му се молеле на Бога, свети Григориј видел дека ангел Божји, застанат на една кула, си ја избришал сабјата и ја турил во ножицата. Тогаш свети Григориј се уверил дека по молитвите на Пресвета Богородица се кренал Божјиот гнев и болеста престанала. По ова, кулата веќе не ја викале Адријанова, но на свети архистратиг Михаил и направиле црква во негово име за спомен на тоа преславно чудо и во слава на Бога и на Мајката Божја.

ЖИВОТОТ И ЧУДАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Старец Гаврил Светогорец Епископ Велички

Истрориксите пдоатоци велатд ека еидемијата започнала во февруари 590 година. Бискуп на Рим тогаш бил Пелагиус Втори кој истиот месец умрел од заразата. Грегориј бил избран за негов наследник.

Литијата се одржала на 25 април, а за многумина било чудно што се повикува Мајката Божја за спас зашто се сметало дека св. Петар е заштитник на Рим. Сепак таа се одржала, а во неа учество зеле седум групи верници.