Семејството го пријави за исчезнат 62-годишниот Ѓорѓи Дервишовски – Гоче од Тетово и бара помош од граѓаните доколку го видат да се јават во полиција или на телефонскиот број кај неговиот брат.
– Ѓорѓи последен пат го видовме завчера, 11 август, околу 19 часот, кога заедно со сопругата бевме кај него во станот за да му однесеме вечера. Тој има нарушено здравје и можно е да изгубил ориентација затоа што се се случи кога немаше струја во Тетово, вели неговиот брат Ристо.
Доколку граѓаните го забележат Ѓорѓи може да се јават кај братот Ристо на 071/686-603 или на 192. Исчезнувањето е пријавено и во СВР Тетово, откако се поминати 24 часа откако последен пат е виден Гоче.