Убиство во скопско Инџиково се случило синоќа околу полноќ, потврдуваат од МВР за порталот Курир, додавајќи дека официјални информации и детали за настанот ќе соопштат во текот на денот.
Во меѓувреме, Алсат телевизија повикувајќи се на неофицијални информации објави дека вооружени лица маскирани во фантомки влегле во куќата на 49 годишен жител кој бил во домот со сопругата и истите ги легнале во ходникот, додека во друга соба имало роднини.
-Вооружените лица им побарале пари, а откако сопственикот им кажал дека нема пари и дека има само возило џип во дворот и дека може да го земат, едно од лицата истрелал од пиштол кон него и го погодил во пределот на главата, по што починал, објавува Алсат телевизија.
Неофицијално, лицата избегале во непознат правец.