Во турскиот град Измир пронајдена е седумгодишна мачка,  тешка 19,2 килограми, која морала да биде подложена на строга диета.

Од Дирекцијата за ветеринарни работи во општина Карсијака соопштија дека мачката е хранета на улица и дека поради килограмите тешко се движи, по што била сместена во една поликлиника, јави Анадолија.

Направен е здравствен преглед по што мачката е вклучена во програмата за губење на килограмите..

Со оглед на тоа дека стресот и дебелината се тесно поврзани, за мачката е специјално дизајниран кафез, во кој ќе може непречено да се движи.

Таа, благодарение на програмата, во првите седум дена почнала да губи тежина и ќе остане таму додека не оздрави.