Зоран Заев, Венко Филипче и екипата се тотално неспособни да се справуваат со предизвиците кои ги носи епидемијата со корона вирусот. Македонија достигна речиси 13 илјади заразени и над 500 починати лица, со што сме црни рекордери во регионот, па и во Европа по овие параметри на еден милион жители.
Ова се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, кое го пренесуваме во целост:
Дополнително и економијата тоне. За три месеци беше креиран нов долг од 1 милијарда евра, а притоа ниту успеавме да се справиме со здравствената криза, ниту успеавме да ја закрепнеме економијата. Заев ги потроши на предизборен поткуп и сега стасуваат сметките за ваквата неодговорност. Затоа му наметнуваат повисока сметка за струја на секое семејство за 7,5%, во што сме единствени во Европа. Затоа мистериозно пропаѓаат банки, за што исто така сме единствено во Европа.
Најстрашно од се е што немаат никаков план. Тоа најдобро се гледа во безидејноста кога се работи за нормализирањето на образовниот процес. Заев и неговата екипа наместо да понудат конкретни планови, нудат луди предлози да прескокне оваа учебна година и учениците да останат дома?!
Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага 3 модули за спроведување на образовниот процес. Физичка настава може да има во средини каде што нема КОВИД-19 или има изолирани случаи. Комбинирана настава може да има во средно ризични подрачја со најмногу 15 ученици во клас, со преземени сите мерки за безбедност. Онлајн настава треба да има во средините со висок ризик.
Да имаше нормална, а не криминогена власт како таа на Заев која се интересира само за личното богатство, Македонија ќе имаше конкретни планови , мерки и успеси, не само во образованието, туку и во здравството и економијата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ