Неколку часа по средбата меѓу Заев и Ахмети, портпаролот на ДУИ, Артан Груби на својот Фејсбук профил се пофали дека партијата го добила Министерството за надворешни работи.
-Покрај премиер, тројца албански министри за надворешни работи во регионот. ИСТОРИЈА!, напиша Груби.
Не е јасно на што мисли Груби кога го споменува премиерското место, бидејќи ДУИ се откажа од предизборното ветување за Албанец-премиер, но ако ништо друго станува јасно дека беа лажни и наводните информации дека за сметка на тоа ќе го добие МВР. Во секој случај извесно е дека Никола ДИмитров оди во аут, ако ова што го вели Груби е вистина
Според неофицијални и непотврдени информации од ДУИ, оваа партија освен МНР, ќе ги води и министерствата за финансии и економија и секторот евроинтеграции, додека на СДСМ ќе му припаднат Министерството за внатрешни работи, правда и одбрана.