„Оваа коалиција која е во најава е коалиција на лагата. Кога се оди на избори, одиме се среќаваме со луѓето и даваме наши предлози што ќе работиме во четиригодишниот мандат. Треба да се држиме до ветувањата за да имаме образ пак да се појавиме. Јас тоа сум го правел, бев пратеник и сметам дека го задржав образот за да се кандидирам годинава за пратеник.“ – рече Николоскина денешната собраниска седница.
Тој рече дека се наметнува заклучокот ако дадениот збор не е императив, тогаш е нешто друго и дека во прашање се интереси. Тој ја критикуваше власта за нерелизираните проекти и вели дека тоа ќе продолжи и наредниот мандат на владата.
„Тоа е криминалот да цвета, а економијата да тоне. Оваа влада ќе биде со најкраток мандат и владата нема да биде соборена тука во Собранието, туку на улица со масовни демонстрации.“ – рече Николоски.