СИЛЈАНОВСКА: Зошто ни се пет потпретседатели, па една Швајцарија има двајца!?

/ 25.08.2020

На денешната собраниска Гордана Силјановска Давкова посочи дека на Собранието на Република Македонија не му се потребни пет потпретседатели, туку само двајца.

-Во време на Ковид криза, во време кога сите ги рационализираат статусите, обврските, ние остануваме на пет потпретседатели. Очекував да ги намалите на двајца. Зошто тврдам дека во компаративното парламентарното право според бројот на пратениците ние имаме најголем број на потпретседатели, нагласи Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека сето ова е непотребно, веќе овде станува збор за битка на статус за жал. Парламентот нема да има корист од толкав број на потпретседатели. Само од сето ова Македонија ќе има трошоци.

-Ако може Швајцарскиот совет да има двајца потпретседатели, прв и втор, не ми е јасно чуму ни се нам пет, запраша Силјановска Давкова.

Од СДСМ реплицираа дека тоа што се ставени на дневен ред пет потпретседатели не значи дека ќе се изберат и дека вака им се остава можност на ВМРО-ДПМНЕ да предложат и тие, а ако сметаат дека е ирационално – да немаат свој кандидат.


Од истата категорија