Властите во Мјанмар наредија затворање на сите училишта, откако во земјата денеска е регистрирано рекордно дневно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, кој изнесува 70 новозаразени.
После еден месец без регистрирани случаи на локална трансмисија, Ковид-19 повторно се појави во Мјанмар на 16 август, а сите, освен еден од најновите случаи, потекнуваат од државата Рахина и се поврзани со жариште на зараза во главниот град на таа држава Ситве, каде минатата недела беа воведени карантин и полициски час.
Иако билансот на 574 заразени и шест смртни случаи на коронавирус, колку што вкупно се евидентирани во Мјанмар, не е толку тежок како во некои околни земји, зголемувањето на бројот на заболени од Ковид-19, чија бројка се зголеми за околу 35 проценти, сепак предизвикува загриженост, јавија локалните медиуми.