Не се одиграа трите натпревари закажани за ноќеска во рамките на првото коло од плејофот во НБА лигата.

Причината е бојкот на кошаркарите поради инцидентот со пукањето на полицијата во Висконсин во лице со темна боја на кожата.

Најпрво тимот на Милвоки го бојкотираше мечот со Орландо (3-1 во серијата), а потоа тоа го направија и играчите на Хјустон и Оклахома (2-2), како и на Лејкерс со Портланд (3-1).

Тие решија да не излезат на подот во знак на протест против расизмот.

Сезоната 2019/20 во НБА лигата продолжи во Орландо откако беше суспендирана во март поради пандемијата.