Претседателот на Унијата на играчи од НБА, Крис Пол и потпретседателот Андре Игудала ги убедија играчите да продолжат со плејофот, објави „The Athletic“.

За време на средбата, Пол и Игудала им објаснија на играчите со какви финансиски последици може да се соочат доколку решат да не ја продолжат сезоната и дека кошаркарите може да ја изгубат платформата за искажување на својата позиција.

Во средата, екипите ги бојкотираа трите натпревари од првото коло во плеј-офот, поради  инцидентот на полицаец во Висконсин кој застрела едно лице со црна боја на кожата.

Датумот за продолжување на натпреварите во НБА ќе биде објавен наскоро.