Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси оцени дека предлогот на Белата куќа да се потрошат 1,3 илјади милијарди долари за надминување на економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот нема да биде доволен за да ги задоволи потребите на американските работници и семејства.

Пелоси во соопштение наведе дека се надева дека републиканците ќе седнат на преговарачка маса и ќе ја прифатат понудата на демократите да издвојат 2,2 илјади милијарди долари.