Најмалку десет лица се убиени во вооружен напад во гимназија близу Хјустон, во Тексас, а повеќето настрадани се ученици, изјавил шерифот на округот во кој се наоѓа гимназијата. Полицијата објавила и дека извршител на нападите е 17-годишниот Димитриос Пагурцис, пишува АП.
Шерифот на округот Ед Гонзалес истакнал дека е можно да има меѓу осум и десет жртви. Напаѓачот бил ученик во едно од училиштата во округот, едно лице е во притвор, а приведено е уште лице.
Шерифот додал и дека еден полицаец е повреден, но дека во тој момент н знае колку сериозни му се повредите.
Управата на училиштето во Санта Фе преку Фејсбук сооптшила дека ситуацијата е под контрола.
Шерифот додал и дека во вакви ситуации секогаш постои можност да е подметнат експлозив и дека полицијата води сметка и за тоа.
По настанот, претседателот на САД, Доналд Трамп соопштил дека ќе биде преземено се што е потребно за да се заштитат децата, а потпретседателот Пенс порачал дека сите се погодени од овој настан и дека учениците, родителите и наставниците треба да знаат дека не се сами во оваа трагедија.
Трамп на Твитер напиша: Првите извештаи не зборуваат добро. Господ нека не благослови.
Мелнија Трамп, исто така преку Твитер, соопштила: Моето срце денеска е со Санта Фе.
Во меѓувреме полицијата работи на обезбедување на школската зграда. Учениците се превезени на друго место, каде ги чекале родителите. Една ученичка изјавила дека напаѓачот влегол на првиот час и почнал да пука. Видела едно девоче со крвава нога, додека остантите почнале да се евакуираат.
Полицијата однела група ученици на блиското поле и им рекла да ги испразнат ранците, но се покажало дека напаѓачот нема други соучесници.