Активноста на три вулкани на Курилските острови и Камчатка може да го загрозат воздушниот сообраќај, предупредува Серускиот научно-истражувачки Институт за јавна безбедност и вонредни ситуации на руското Министерство за вонредни ситуации.
Во соопштението се наведува дека активноста на трите вулкани претставува потенцијална закана за меѓународниот и локалниот воздушен сообраќај.
Покрај тоа, руски експерти предупредија дека наносите на пепел и камења можат да ја загрозат безбедноста на сообраќајот на патиштата.