Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е заразен со коронаворус, јави АФП.
Тестот за присуство на Ковид-19 во организмот на лидерот на „Форца Италија“, 83-годишниот Берлускони, бил позитивен, наведува француската агенција.
Во моментов тој се наоѓа во изолација и продолжува да работи од дома, е соопштено од неговиот кабинет.