Повеќе од 400 илегални мигранти кои бараат подобар живот во Европа се упатија кон британскиот брег преку Ла Манш за само еден ден, јави Скај њуз.
И покрај топлото време, бегалците ги ризикуваа своите животи дури и со бебиња во рацете. Бројките ги објави британската гранична полиција, која соопшти дека спасиле рекордни 409 лица, вклучително и мали деца, на 27 чамци и други мали пловни објекти.
Уште 53 мигранти беа спасени од Франција.
Околу 1.500 мигранти го преминаа Ла Манш во август, а над 7.400 бегалци го поминаа теснецот со мали чамци од јануари 2019 година досега.