Афроамериканец е застрелан од полициски припадник во Вашингтон, соопшти локалната полиција, по што жителите се собраа на протест.

„На самото место е пронајдено огнено оружје“, се вели во кусото соопштение на полицијата.

Шефот на локалната полиција Питер Њузам изјави дека пукањето се случило во близина на поморската база Анакостија во главниот град. Офицерите за спроведување на законот се приближиле до автомобил во кој седеле мажи за да извршат увид. Властите се посомневале дека се вооружени. Во тој момент, осомничените скокнале од автомобилот и почнале да бегаат. Тогаш, еден од полицајците пукал кон мажаот во бегство. Жртвата била пренесена во болница, каде лекарите не можеле да му го спасат животот.

– Сметаме дека осомничениот имал оружје, потенцираше Њузам.

На снимката од прес конференцијата може да се слушне неидентификувана жена како вели дека жртвата имала само 17 години и оти не бил вооружен. „Неприфатливо“, извикува таа кога Њузман завршува со изјавата.

Локалните медиуми известуваат дека граѓаните се протестираат пред полициската управа во градот и бараат одговори за пукањето.