Меѓу тројцата починати од Ковид 19 во изминатите 24 часа, се наоѓа и пацинетка од Ресен на 35 години која, според соопштението на Министерството за здравство починала во вонболнички услови.

Терминот „вонболнички улови“ подолго време за употребува од МЗ, но засега нема објаснување што точно значи тој. Дали тоа значи дека пациентката починала на улица, на скали од амбуланта, во продавница, дома или…?

Овој термин е уште една „шашма“ на МЗ кога станува збор за справувањето со Ковид 19.

Настрана терминот, останува нејасно како е можно некој пациент заболен од Ковид 19 да дојде во последна фаза од животот, а да не биде во болница?

Меѓу починатите од Ковид 19 во псоледниот извештај е и 63 годишен пациент до Дебар (за тие над 60 години веќе не навикнаа дека е нормално ако починат од вирусот поради возраста), но и 41 годишен пациент од Гостивар.

Во врска со ресенчанката, пишува порталот Независен, а делови пренесуваме и ние, но и порталот не успеал да добие објаснување зошто ресенчанката се лекувала „вонболнички“: