Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на телевизија Алфа зборуваше за протестите кои денеска ВМРО-ДПМНЕ ги организира против поскапувањето на цената на струјата.
-Старо-новата власт, владата на лагата помеѓу СДСМ и ДУИ продолжува со истите практики од пред изборите. Прво не е нова влада, ова е стара влада затоа што се работи за истите партнери и уште полоши се работи за истите министри на клучните позиции. Во првите недели од формирањето на старо-новата Влада ја поскапа цената на струјата со што директно удира врз џебот на секој граѓанин во Македонија имајќи предвид дека ситуацијата е исклучително тешка заради економската криза предизвикана од корона кризата како и лошите економски политики кои што ги води оваа старо-нова коалиција, коалиција на лагата. Имајќи предвид дека БДП падна за рекордни скоро 13%, највисоко во целиот регион поскапувањето на струјата е директен удар врз граѓаните особено е директен удар врз оние 40 000 луѓе кои што останаа без работа во овој период и некаде околу 30 000 до 50 000 луѓе кои што им се заканува останување без работа, истакна Николоски во своето гостување.
Тој посочи дека поскапувањето на струјата е директен удар врз земјоделците односно врз лозарите кои не можат да си го предадат својот род, а оние кои што имаат среќа да го предадат го предаваат по исклучително рекордно ниска цена во Македонија.
-Поскапувањето на струјата е удар врз оние кои што преживуваат од први до први и затоа решивме да излеземе денес од пред Министерството за правда и ќе маршираме до Регулаторната комисија за енергетика која што е комисија под владата и од која ќе побараме да се укине ова зголемување на цената на струјата, истакна Николоски.
Николоски порача дека очекуваат гласот на илјадници граѓани кои ќе приклучат денес да биде слушнат и да биде укинато поскапувањето на цената да на струјата затоа што тоа не соодветствува на економските прилики во државата.
-Во исто време поскапувањето на струјата создава огромен профит на универзалниот снабдувач односно на компанијата ЕВН која што го врши снабдувањето, а исто така гледаме дека имаме непродуктивни вработувања и во МЕПСО и во ЕЛЕМ кој се дел од креаторите на цената на струјата така што кога ќе се спојат ЕВН, МЕПСО и ЕЛЕМ гледаме еден спој кој што точни води кон зголемување на цената на струјата , но тоа не е реално зголемување на цената на струјата, тоа е зголемување за екстра профит и за нови непотребни партиски вработувања во институциите, додаде Николоски.