Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев најави дека партијата в петок (11 септември) ќе одржи нов протест против поскапувањето на струјата.

-Поскапувањето на струјата значи бизнис за СДСМ. Мафијата си продолжува со профит. Мафијата продолжува со бизниси – изјави Јанушев на прес-конференција.

Како што најави Јанушев, протестот ќе се одржи во 14 часот пред Регулаторната комисија и еден час со автомобили ќе ја блокираат крстосницата и пристапните улици.

Првиот од низата најавени граѓански протести ВМРО-ДПМНЕ го одржа во средата.