Тврдењата на компанијата  Мајкрософт дека Русија наводно  вмешала прсти и во воие претседателски избори во САД не заслужуваат внимание се додека оттаму не понудат докази за ваквите тврдења, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Американската компанија „Мајкрософт“ вчера соопшти дека руски, кинески и ирански хакери се обиделе да хакираат луѓе и организации вклучени во американските претседателски избори во 2020 година.

-Од крајот на 2016 година, кога се појавија овие обвинувања, не видовме ниту еден разумен аргумент, доказ или било што друго што може да укаже дека некои организации поврзани со Русија биле вклучени во компјутерски криминал, рече Песков.

Тој додаде дека во тоа време немало никакви разумни информации, туку само неосновани обвинувања и фобии дека руските „кибер чудовишта“ стојат зад тие злосторствата.