Масовна тепачка меѓу две семејства во Гостивар се случила вчера, соопшти полицијата.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера околу 22 часот во населбата Фазанерија 2 во Гостивар настанала физичка пресметка помеѓу две групи, семејството на И.П. и нивните пријатели и семејството на А.Б. и нивните пријатели.
Во тепачката биле користени разни предмети од двете страни. Со телесни повреди се здобиле лицата Б.Е. (33) од Тетово, И.Б. (27) од Гостивар, А.Б. (34) од Гостивар, Е.П. (32) од Гостивар, Е.П. (22) од Гостивар, М.П. (49) од Гостивар и Е.Н. (18) од Гостивар.
Додека со тешки телесни повреди се здобило лицето Б.Ф. (26) село Теарце, тетовско. Тој, по укажаната помош во гостиварската болница, а поради сериозноста на повредите, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата соопшти дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.