Лидерите на ЕУ денеска му порачаа на кинескиот претседател Си Џинпинг да ги забрза преговорите за постигнување договор за инвестиции меѓу Кина и ЕУ, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, нагласувајќи дека конкуренцијата со Кина мора да биде фер.

Британските медиуми пренесоа дека по видео-самитот што ЕУ го одржа со кинескиот претседател Си Џинпинг, Меркел пред новинарите кажа дека лидерите на земјите-членки на ЕУ извршиле притисок да се забрза напредокот во постигнувањето договор за инвестициската спогодба.

Германската канцеларка истакна дека соработката со Кина мора да се заснова на принципи како што е реципроцитет и фер конкуренција.

-Ние сме понакви општествени системи и иако сме посветени на мултилатерализмот, тој мора да се заснова на правила, рече Меркел, чија земја претседава со ЕУ.