Претседателот на САД, Доналд Трамп, во интервјуто емитувано на Фокс њуз, чиј дел обработува и пренесува бугарската агенција Фокус, признал дека сакал да го ликвидира претседателот на Сирија, Башар ел Асад, но на тоа се спротивставил тогашниот министер за одбрана, Џејмс Матис и планот не се реализирал.
„Јас бев за да го отстраниме“, рекол Трамп, „но Матис не сакаше“, додал.
Инаку, Трамп го смени Матис минатата година опишувајќи го како генерал кој не сака да се справи со должностите.
На прашањето дали жали што Асад не е ликвидиран и дали е тоа заради поддршката што тој ја добива од Русија, Трамп изјавил:
„Не сметам дека тоје добар човек и имаше можност тоа да го направиме, но Матис беше против. Тој беше против таквите мерки“ рекиол Трамп
Во 2008 година, како што наведува Фокус, агенцијата Блумберг објави дека Трамп сакал да го ликвидира Асад, но Матис не дозволил. Трамп тогаш ја демантирал таа информација.