Во Италија денеска се одржуваат регионални избори и референдум за намалување на бројот на членови на Парламентот.

Локални власти се избираат во седум региони каде што, поради пандемијата на Ковид-19, не можеше да се избира во април.

Италија има 20 региони кои го сочинуваат првото ниво на територијална поделба на земјата, а регионите имаат политичка и административна автономија.

Во последниве години, голем број од 60 милиони Италијанци не излегоа на гласање.

Заедно со регионалните избори, низ цела Италија ќе се одржи референдум за намалување на бројот на членови на Парламентот.

Предлогот за референдум за намалување на бројот на пратеници е речиси независна борба на Движењето Пет Ѕвезди, кое сега, заедно со Демократската партија, е дел од владејачкото мнозинство во централната влада. Движењето им вети референдум на своите гласачи на претходните избори.

Со гласање „за“, бројот на пратеници ќе се намали од сегашните 945 на 600.