Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја коментираше играта на дебитантот Тијаго Алкантара на дербито со Челзи (2:0) во рамките на второто премиерлигашко коло.
– Совршен почеток за него, момците многу му помогнаа. Многу ми се допадна неговата игра. Во одбраната не му беше лесно, а во нападот, со топка, тој покажува дека сака да се надигрува, изјави Клоп.
Ми се допадна првото полувреме. Двете екипи сакаа да играат, да создаваат шанси.
Противникот имаше предност, но во последните секунди од полувремето се случи настан што ја смени играта во наша полза. Требаше да се прилагодиме и го сторивме тоа. Алисон заслужи да не прими гол, додаде Клоп.
Ливерпул по две кола има максимални шест бода.