Шпанскиот репрезентативец о најдобриот фудбалер на Светското првенство во 2026 година, Родри е се поблиску до сензационален трансфер во Барселона, бидејќи, според неколку шпански извори, тој веќе дал зелено светло за трансфер на „Камп Ноу“.

Истата информација ја објави и новинарот Нил Сола, додека весникот „Спорт“ претходно откри дека германскиот стручњак Ханси Флик, лично разговарал со Родри за да го убеди да го облече дресот на каталонскиот гигант.

Големиот пресврт се случи откако преговорите меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид не успеаја.

Англискиот клуб побара околу 75 милиони евра за освојувачот на Златната топка, додека Реал беше подготвен да издвои само 50 милиони, со можни бонуси, па договорот не беше постигнат.