Врховниот суд го одби барањето за преиспитување на правосилната одлука од страна на бранителите на Сеад Кочан. Со тоа Врховен ја потврди неговата затворска казна за случајот „Труст“.
„Врховниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека на 23-ти септември 2020 година, одлучи по предметот заведен под КВП2бр.114/19, коj е оформен по поднесени барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од бранителите на осудениот Сеад Кочан од Скопје.
Кочан мината година на 31 август беше спроведен на издржување на затворската казна во затворот Идризово.