Последниот македонски претставник во фудбалските евро-купови за оваа сезона, тимот на Шкендија, вечерва загуби од Тотенхем со 1:3 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Во натпревар од 3. коло од квалификациите за Лига Европа, Шкендија му зададе достоен отпор на големиот фаворит, а до дваесетина минути пред крајот имаше и нерешен резултат.
Сепак, тетовци не успеаја да ја минат претпоследна пречка пред баражот за групната фаза во второто по квалитет клупско фудбалско континентално натпреварување.
Тотенхем поведе преку Ерик Ламела во 5. минута, Валмир Нафиу изедначи во 55. минута, Хонг-Мин Сон му донесе повторно водство на англискиот великан во 70. минута, а Хари Кејн ги постави конечните 3:1 десет минути подоцна.
Противник на Тотенхем во плејофот за учество во групите на ЛЕ, ќе биде израелски Макаби Хаифа