Вечерва, се појави ново видео за полициска бруталност. Засега нема точна информација каде е снимено видеото!
Претходно, во текот на денот, невладината организација „Аваја“ објави видео запис на кој се гледа како полициски службеник брутално претепува граѓанин во Битола.
„Ужаснати сме од видеото кое се најде на социјалните мрежи каде се гледа полициска бруталност врз лица од ромската етничка заедница“ соопштија од невладината и побараа овој случај веднаш да биде расчистен а полицаецот казнет за прекумерната употреба на сила.
Се огласи и МВР – Внатрешната контрола ги идентификувала полицајците од снимката.
„Во врска со видео материјалот објавен на социјалните мрежи, а на кое се гледа незаконито и непрофесионално постапување на полициски службеници, ве известуваме дека Одделот за внатрешна контрола веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот и презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот по што јавноста ќе биде соодветно информирана“