Вечерва во 21:21 часот по локално време, земјотрес од 4,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија.

Епицентарот е на 29 кломти југозападно од Елбасан, односно 9 м североисточно од Лушње, на длабочина од 2 км.

Во текот на последните денови и особено во текот на овие 24 часа, во Албанија се регистрирани повеќе земјотреси, но сеизмолозите смируваат и велат дека не треба да има паника.

Вечерашниот земјотрес во Албанија е почувствуван и во некои делови од Македонија.