Спасувачките екипи денеска потврдија дека спасиле вкупно 94 китови со долги перки кои беа дел од масовното насукување во Австралија на западниот брег на Тасманија, јави ДПА.
Шест китови беа ослободени денеска наутро, а спасувачите се надеваат дека преостанатите 12-20 заглавени на песочната плоча во пристаништето Меквари се уште можат да бидат спасени, и покрај тоа што тимовите се исцрпени од четиридневниот напор.
– Мислам дека сите се уморни и го чувствуваат заморот. Тоа беа долги денови, им рече на новинарите Ник Дека, менаџер на Парковите во Тасманија.
Властите го ревидираа бројот на мртви китови на 350. Првично се проценуваше дека угинале 380 од приближно 470 китови кои се насукаа оваа недела. с