Поради обилните врнежи во текот на ноќта и неможноста да се санира скокалиштето одложени се за денеска планираните „Септемвриски коњички турнир“ и третото коло од Отвореното државно првенство во коњички спортови на Македонија.
Како што посочуваат организаторите, одлука за откажување за денска во 11:00 часот закажаните настани донел судискиот колегиум и раководството на натпреварите, а дополнително ќе информиаат за новиот термин на одржување.