Папата Франциско ги повика светските лидери да ја искористат кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот како можност да ги поправат неправдите во светската економија и „перверзната логика“ на доктрината за нуклеарно одвраќање.
Во снименото обраќање до Генералното собрание на ОН папата синоќа, исто така, истакна дека „не смее да надвладее“ зголемениот изолационизам во справувањето со светските проблеми.
Поглаварот на Римокатоличката црква се заложи за поголем ангажман и влијание на ОН во заштитата на сиромашните, мигрантите и животната средина, како и поголема солидарност и мултилатерализам.
-Од криза никогаш не излегуваме онакви како што сме биле претходно. Излегуваме или подобро или полошо. Затоа, во овој критичен момент, наша должност е да ја преиспитаме иднината на нашиот заеднички дом и нашиот заеднички проект, рече папата Франциск во снимениот говор на ГС на ОН.