Албанскиот премиер доцна синоќа на својот официјален Фејсбук профил објави слика од Република Македонија, поточно од Кривошиска река на Шар Планина и пределот познат како Лешница, претставувајќи го како една од убавините во Албанија.
„Преубавата Албанија. Кањонот на Лешница“, напиша Рама на својот ФБ профил и постави фотографија од прекрасните водопади на реката Лешница на Шар Планина.
По ова социјалните мрежи се разгореа, а многумина и под фотографијата започнаа да го критикуваат и да му упатуваат жестоки коментари на албанскиот премиер.
Од македонските власти нема реакција.